Почетна » Новости » Истражувања » Пиењето вода пред јадење топи килограми

Пиењето вода пред јадење топи килограми

Скоро секоја диета препорачува пиење на поголемо количество вода. Пиењето на вода пред јадење е еден од најевтините и наједноставните трикови за слабеење, а сега има и истражување кое ја потврдува неговата ефективност.

Жена што пие водаДве чаши вода пред јадење топат килограми

Американски научници ги споредувале резултатите од намалувањето на тежината на луѓе кои држеле диета и пиеле половина литар вода пред јадење и луѓе кои само држеле диета.

По 3 месеци станало јасно дека учесниците кои пиеле вода ослабеле во просек по 7 килограми, односно за 2,2 килограми повеќе од учесниците кои држеле диета, но не пиеле вода пред јадење.

Водата освен што не содржи калории помага и да внесете помалку калории во текот на јадењето. Претходни истражувања покажале дека луѓето кои пијат вода пред јадење внесуваат и 75 до 90 калории помалку. Тоа значи дека водата може да ви помогне да консумирате дури до 300 калории помалку во текот на еден ден.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.