Почетна » Новости » Истражувања » Пивото ги зацврстува коските

Пивото ги зацврстува коските

Жена со пивоПивото содржи силициум, кој што ги зацврстува коските.

Пивото е повеќе машки пијалок и многу жени го избегнуваат. Но, последните истражувања во оваа област потврдуваат дека пивото ги зацврстува коските и со тоа ги прави помалку кршливи.

Истражување на Универзитетот во Калифорнија ги потврди досегашните тврдења дека пивото содржи силициум, кој што го спречува намалувањето на густината на коските. Резултатите од истражувањето покажале дека светлото пиво кое што содржи повеќе хмељ има поголемо количество силициум.

Врз база на овие заклучоци, некои истражувања укажуваат дека умерената консумација на пиво може да се бори против остеопорозата.

Но, експертите кои учествувале во ова истражување предупредуваат дека луѓето не треба да ја зголемат секојдневната консумација на алкохол, затоа што во таков случај ризикуваат да го постигнат спротивниот ефект. Консумирањето на мало количество пиво може да биде полезно за коските, но преголемото консумирање може да доведе до намалување на цврстината на коските.

Имајќи во предвид дека жените се изложени на поголем ризик од остеопороза, не е лоша идеја понекогаш да ги дружиме мажите со една чаша пиво.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.