Почетна » Новости » Истражувања » Парчиња облека што жените ги сакаат, а мажите ги мразат

Парчиња облека што жените ги сакаат, а мажите ги мразат

Жените ја обожаваат модата, но понекогаш модата не помага ако сакате да ги освоите погледите на спротивниот пол. Познатиот веб сајт MSN спроведе истражување за да определи кои модерни парчиња облека што ги сакаат жените, мажите всушност ги мразат.

Па, еве го списокот на облека која мажите не можат да ја поднесат:

Шалвари

Шалварите станаа хит откако беа дел од колекцијата на Yves Saint Laurent пред три години.

Зошто мажите ги мразат?
Затоа што жените изгледаат како да ги „наполнале“ пелените и затоа што не можат да им ги гледаат убаво нозете или задникот.

Шалвари

Комбинезони

Комбинезоните станаа популарни во последната година. Многу жени ја обожаваат убавата силуета што тие ја создаваат, па затоа и ги носат.

Зошто мажите ги мразат?
Еден од мажите кои учествувале во истражувањето изјавил: „Во најдобар случај изгледате како секси мало дете, а во најлош – како мајка ми во 70-тите.“

Венчиња

Модните додатоци за на главата секогаш помагаат жените да изгледаат модерно и шармантно. Но, очигледно мажите не мислат така.

Зошто мажите ги мразат?
Затоа што мажите мразат сè што има на нашата коса – од модните додатоци до козметиката како лак или пена за коса. Тие сакаат да можат лесно да поминат со прстите низ женската коса.

UGG чизми

Овие чизми веќе го нашле местото во секој плакар на славните, а и многу други жени обожаваат да ги носат, без разлика дали е лето или зима.

Зошто мажите ги мразат?
Освен што мирисаат лошо, мажите ги мразат затоа што ја уништуваат убавата форма на женските нозе и не откриваат многу од нив.

Гладијаторки

Еден од најголемите летни хитови во последните години, гладијаторките, се омилени на многу жени.

Зошто мажите ги мразат?
Затоа што е потребно многу време за да се обујат или да се слечат, оставаат многу црвени линии по нозете и ги прават жените пониски.

Хеланки

Жените ги обожаваат затоа што се удобни за носење и можат да се комбинираат со многу парчиња облека.

Зошто мажите ги мразат?
Затоа што се толку популарни што секоја жена ги носи, без разлика каква е нејзината фигура. Хеланките не носат мистерија, туку ги оцртуваат облините на телото.

Смокинзи

Иако се ретки, постојат жени што сметаат дека изгледаат одлично во смокинг.

Зошто мажите ги мразат?
Мажите сакаат да ги гледаат женските нозе, раце и сакаат да видат деколте.

Преголеми очила за сонце

Жените ги сакаат модерните големи очила затоа што можат да се сокријат кога заборавиле или пропуштиле да се нашминкаат и заради тоа што се ултра модерни.

Зошто мажите ги мразат?
„Кога ќе видам жена со големи очила знам дека крие нешто. Проблем со пиењето, лага...“ – изјавил претставник на машкиот пол.

Големи очила

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11856 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.