Почетна » Новости » Истражувања » Партнерот ни создава повеќе стрес од шефот

Партнерот ни создава повеќе стрес од шефот

Денес жените се изложени на повеќе стрес од било кога. Обидувајќи се да бидат успешни на професионален план и да бидат добри сопруги и мајки, жените почесто страдаат од стрес отколку мажите.

Истражување на компанијата Philips покажало дека мажите почесто им создаваат стрес на жените и им го покачуваат крвниот притисок, отколку обратното. Околу 18% од жените признале дека нивниот партнер им создава многу стрес, а само 12% од мажите го изјавиле истото за својата партнерка.

Проблеми во врскатаМажите почесто им создаваат стрес на жените и им го покачуваат крвниот притисок, отколку обратното.

Но, за изненадување е податокот дека 58% од 3000 учесници изјавиле дека нивниот партнер е меѓу луѓето кои им создаваат стрес, а само 43% го кажале истото за нивните менаџери.

Кери Купер, којшто го предводел истражувањето, изјавил дека иако жените се изложени на поголем стрес, тие подобро се справуваат со него, главно затоа што им е полесно да разговараат за своите чувства со другите луѓе.

Друг интересен заклучок од ова истражување е тоа што жените повеќе се загрижени за својата тежина, отколку за тоа колку заработуваат. Скоро половината жени-учеснички изјавиле дека телесната тежина е важна за нивното здравје. Само 27% од жените изјавиле дека платата влијае на нивното здравјето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10613 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.