Почетна » Новости » Истражувања » Откриено апче кое ќе стави крај на болната менструација

Откриено апче кое ќе стави крај на болната менструација

Милиони жени низ светот страдаат од непријатностите кои ги носи менструацијата. Статистичките податоци велат дека 45-90% од жените секој месец се мачат со болна менструација и најголем дел од нив пијат апчиња за да ги ублажат болките.

Добрата вест е што истражувачите откриле апче кое може да стави крај на болната менструација, елиминирајќи ја причината за тие непријатности.

Менструални болкиИстражувачите откриле апче што може да стави крај на болната менструација.

Менструалните грчеви се причинети од контракции на матката за време на менструацијата. За време на болна менструација, која се нарекува дисменореја, матката доживува контракции со зголемена фреквенција и тоа резултира со силни грчеви. Новото апче го намалува нивото на хормонот одговорен за движењето на мускулите на матката и со тоа ги намалува и болките.

Во моментов се врши тестирање на лекот на 100 жени од Британија и Америка кои имаат силни менструални болки. Резултатите од тоа истражување би требало да се појават кон крајот на годината и ако се докажат позитивните ефекти, апчето ќе го доживее своето лансирање на пазарот.

Денес жените се обидуваат да ги ублажат менструалните болки на различни начини – преку апчиња, техники за релаксација или шишиња со топла вода. Но, ниту еден од тие начини не ја елиминира причината, туку само симптомите. Научниците веруваат дека новото апче ќе им даде на жените поефективно лекување.

Лошата вест е што треба да помине подолго време пред ова апче да се појави на пазарот. Според плановите, би требало до 2014 година да биде присутно барем на поголемите пазари низ светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.