Почетна » Новости » Истражувања » Неговите очи ги откриваат неговите намери кон вас

Неговите очи ги откриваат неговите намери кон вас

Флерт

Првиот состанок предизвикува многу стрес. Освен што треба да изгледате најубаво што можете, треба и да успеете да оцените какви се неговите намери кон вас. Дури и во такви моменти, женската љубопитност не мирува и секоја жена уште од првиот момент кога ќе застане очи в очи со потенцијалниот партнер, се обидува да одгатне дали тој има сериозни намери или бара само забава.

За да им помогнат на многуте жени низ светот, научниците го анализирале машкото однесување и дошле до заклучокот дека секоја жена може да процени какви мисли се кријат во главата на мажот судејќи само по неговиот поглед.

Ако мажот одржува подолг контакт со очите, тогаш тој ја гледа жената како потенцијална сериозна партнерка, а ако често шара со погледот од лицето кон телото, тогаш значи дека ја посакува само за краткотрајна афера.

Ново истражување на Токискиот универзитет, покажало дека кога мажите бараат партнерка за краткотрајна забава, тогаш најмногу внимание обрнуваат на привлечноста на женското тело. Но, кога во дадена жена гледаат потенцијална животна партнерка, тогаш најважно им е нејзиното лице.

Со ова истражување било заклучено и дека при оценувањето на целосната привлечност на личност од спротивниот пол, и за мажите и за жените најважно е лицето.

Резултатите од истражувањето само ги потврдуваат досегашните тврдења дека мажите кога сакаат кратка афера избираат жени со атрактивни тела и не се замараат да ја оценуваат привлечноста на лицето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.