Почетна » Новости » Истражувања » Морковите го забрзуваат растењето на децата

Морковите го забрзуваат растењето на децата

Дете што јаде морковМорковите го помагаат растот кај децата.

Научниците од Еврејскиот Универзитет во Ерусалим открија дека децата кои јадат повеќе портокалови зеленчуци, растат два пати побрзо од своите врсници.

Во истражувањето учествувале околу 300 деца, на возраст од 3 до 16 години. Децата кои јаделе повеќе зеленчуци богати со витамин А, пораснале средно по 8cm за една година.

Нивните врсници од контролната група, за истиот период од една година пораснале само 4cm.

Резултатите биле презентирани на конференцијата „40 години хранење во Израел“. Според докторот Тали Синај, повеќето од децата кои не консумирале зеленчуци богати со витамин А се здрави, но страдаат од латентен (скриен) недостаток на некои витамини.

Недостигот на витамин А, цинк и железо резултира со забавен раст кај децата, па затоа не дозволувајте вашето дете да ги избегнува зеленчуците.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.