Почетна » Новости » Истражувања » Мозокот на жените расте по породувањето

Мозокот на жените расте по породувањето

Мајчинството е една од најубавите работи во животот на секоја жена, а научниците тврдат дека токму приврзаноста кон новороденчето поттикнува растење на мозокот кај жените.

Мајка со бебеСивата материја кај жените се зголемува по породувањето

Во истражување објавено од Американската психолошка асоцијација се тврди дека мозокот на мајките расте неколку месеци по породувањето и дека најголем раст се забележува кај мајките кои повеќе бликаат од среќа и го оценуваат своето дете како специјално.

Научници од престижниот Универзитет Јеил им го скенирале мозокот на 19 нови мајки. Резултатите покажале дека сивата материја во одредени области од мозокот значително се зголемила во периодот до третиот или четвртиот месец по породувањето.

Кај возрасните, вакви промени настануваат само по интензивни периоди на учење, повреда на мозокот, болест или огромни промени во околината. Во случајот со новите мајки, научниците сметаат дека овие промени се резултат на зголемувањето на нивото на хормоните естроген и окситоцин.

Растот бил забележан во областите од мозокот задолжени за мотивација, расудување, процесирање на емоции и чувствување на задоволство. Научниците веруваат дека зголемувањето на мозокот во областа за мотивација придонесува за зголемување на грижата за бебето.

Кај мајките кои полни со ентузијазам го оценувале своето бебе како специјално, прекрасно и совршено бил забележан поголем раст во клучните области на мозокот поврзани со мајчинска мотивација и регулирање на емоциите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.