• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Модерниот маж, модерната жена, сексот и врските – интересни факти

27 јули 2011, 16:24
  • cподели

Сакате да знаете што се крие во главата на модерниот маж и модерната жена во врска со сексот, љубовта и врските? Машкиот веб сајт AskMen и женското списание Cosmopolitan спроведоа темелно истражување со десетици илјади учесници и го констатираа следново:

Среќен пар
  • Секс во тројка е омилена сексуална фантазија и на мажите и на жените.
  • 47% од мажите би ја откачиле својата девојка ако таа стане дебела, а само 20% од жените би го сториле истото ако се здебели нивниот партнер.
  • Кога станува збор за карактерот, на мажите им е најважно партнерката да им биде верна, а на жените им е подеднакво важно партнерот да биде верен и грижлив.
  • На 73% од жените и 85% од мажите не би им сметало ако заработуваат помалку од партнерот/ката.
  • Кога биле запрашани дали би изневериле ако се сигурни дека партнерот/ката нема да дознае, 87% од жените и 72% од мажите одговориле дека не би изневериле.
  • Најголем дел од мажите и жените се донекаде задоволни од својот сексуален живот, но сметаат дека има простор за подобрување.
  • 78% од мажите и 80% од жените сметаат дека за здрав сексуален живот паровите треба да имаат секс по неколку пати неделно.
  • 37% од жените и 49% од мажите имаат излажано за бројот на сексуални партнери.
  • 65% од мажите си имаат фантазирано за пријателка на својата девојка (28% го прават тоа редовно), а само 33% од жените го прават истото (7% редовно).
  • 54% од жените и дури 30% од мажите имаат одглумено оргазам.
  • 55% од мажите сметаат дека можат да познаат кога нивната партнерка глуми врвно задоволство.
  • 50% од мажите би си го зголемиле пенисот ако имаат можност.
  • 78% од жените не би ја промениле големината на пенисот на својот партнер и само 19% би сакале да е поголем.

И за крај, мажите би оцениле една жена како сексуално промискуитетна ако има спиено со повеќе од 10 мажи. Од друга страна, жените би ставиле еден маж во категоријата „машка к***а“ ако има спиено со повеќе од 20 жени и сметаат дека една жена се смета за промискуитетна ако има спиено со над 20 мажи.

„Кавалерството не е мртво, големината е важна, жените простуваат, додека мажите забораваат“ – ова се зборовите со кои Џејмс Базил ги опиша накратко резултатите од истражувањето.

Tags
мажи-жени

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.