Почетна » Новости » Истражувања » Мајчиното млеко го убива ракот

Мајчиното млеко го убива ракот

Доење

Доењето има многу предности, а не е тајна дека мајчиното млеко содржи супстанции кои не можат да бидат произведени и заменети со адаптирано млеко.

Сега научниците им даваат на мајките уште една причина плус за да ги дојат своите новороденчиња. Тие советуваат мајките да ги дојат своите бебиња, затоа што млекото содржи супстанција која го убива ракот.

Експертите тврдат дека супстанцијата наречена HAMLET, која се создава со комбинирање на алфа-лакталбумин од млекото и олеинска киселина присутна во стомакот на бебињата, може да го убие ракот на мочниот меур, а лабораториските тестови покажале дека може да „убие“ и 40 други видови рак.

Она што е многу важно е што супстанцијата не ги убива здравите клетки и поради тоа не предизвикува гадни странични ефекти како што прави лекувањето со хемотерапијата.

Тестовите врз луѓе болни од рак на мочен меур покажале дека туморите се намалиле без болни странични ефекти, само пет дена по третманот.

Проф. Карлсон, кој што го предводел истражувањето, изјавил дека пациентите ја примиле HAMLET преку катетар и дека недостаток е тоа што супстанцијата треба да биде вбризгана на точното место каде што се раковите клетки. Тој додал и дека овој начин на лекување идеално би го дополнил лекувањето со хемотерапија.

Инаку, научниците ја откриле супстанцијата HAMLET сосема случајно, додека ги проучувале ползите на мајчиното млеко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.