Почетна » Новости » Истражувања » Маслото од рузмарин ја подобрува меморијата

Маслото од рузмарин ја подобрува меморијата

Брзо заборавате? Тешко ви е да ги запомните имињата на лицата кои ги запознавате? Изумувате да пратите роденденска порака ако нема кој да ве потсети? Аромата на масло од рузмарин може да ви помогне да си го подобрите помнењето.

Англиски научници тврдат дека вдишувањето на мирисот на масло од рузмарин ја подобрува способноста за присетување на минати настани и способноста за помнење на задачи кои треба да се извршат во иднина. Преку серија од различни тестови, истражувачите покажале дека лицата кои вдишуваат арома од масло од рузмарин ги помнат задачите кои треба да ги извршат за 60-75% подобро во споредба со лицата кои воопшто не вдишуваат рузмарин.

Масло од рузмарин

Тим од психолози од Универзитетот Нортумбрија поделиле група учесници во две групи и ги замолиле да почекаат во две различни простории. Едната просторија била ароматизирана со масло од рузмарин.

Учесниците биле подложени на серија тестови за меморија, кои вклучувале сокривање на предмети и нивно повторно пронаоѓање по извесно време или подавање на одреден објект на истражувач во точно определено време кое било претходно специфицирано.

Лицата кои доаѓале од ароматизираната просторија се справиле подобро со двете задачи, а во крвта кај сите нив било детектирано повисоко ниво на 1,8-cineole, супстанција која се наоѓа во маслото од рузмарин и влијае на помнењето.

Рузмаринот долги години се поврзува со подобра меморија. Тој се користел уште во древен Египет на свадбени церемонии за поттикнување на помнењето и верноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11153 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.