Почетна » Новости » Истражувања » Мажите сакаат обврзување, жените – независност

Мажите сакаат обврзување, жените – независност

Досега се веруваше дека мажите се заинтересирани повеќе за краткотрајни врски и секс без обврзување, а дека жените се тие што секогаш се стремат кон сериозни врски, поголемо обврзување и создавање на семејство.

Но, последното истражување во оваа област покажало дека работите навистина се менуваат и дека мажите побрзо се заљубуваат, сакаат да стапат во брак исто толку колку и жените, а и сакаат деца повеќе од жените.

Според истражување на сајтот Match.com, 54% од мажите изјавиле дека имаат доживеано љубов на прв поглед, а 44% од жените го признале истото.

Истражувањето во кое учествувале 5200 мажи и жени открило дека жените сакаат поголема независност во врската отколку мажите. 77% од жените, а 58% од мажите изјавиле дека имањето на свој личен простор им е многу важно.

Пар54% од мажите изјавиле дека имаат доживеано љубов на прв поглед, а 44% од жените го признале истото

Исто така, 78% од жените наспроти 64% од мажите изјавиле дека сакаат да имаат свои интереси и хобија, а 35% од жените и само 23% од мажите признале дека излегувањата со пријателите им се многу важни.

„Жените почесто сакаат да излегуваат со своите пријателки, отколку мажите со своите пријатели. Тие исто така почесто од мажите сакаат да одат на одмор сами, наместо со својот сопруг или партнер“ – изјавила д-р Хелен Фишер и објаснила дека заедно со економската независност кај жените расте и личната независност.

За изненадување, над 50% од мажите со статус сингл на возраст од 21 до 34 години изјавиле дека сакаат деца, а 46% од жените го потврдиле истото.

Дури и жените кои немале деца, а се наоѓале на возраст од 35 до 44 години, не биле позаинтересирани да создадат семејство во споредба со мажите. Само 15% од нив изјавиле дека сакаат да имаат деца, а 27% од мажите на таа возраст го изјавиле истото.

Истражувањето покажало и дека повеќе жени биле подготвени да кажат дека дефинитивно не сакаат да станат родители, во споредба со мажите.

„Мажите од било која возрасна група сакаат да стапат во брак исто толку колку и жените. Не е вистина дека мажите не сакаат да се обврзат. Младите мажи на возраст од 21 до 34 години сакаат повеќе да стапат во брак, отколку жените. Без разлика на возраста, мажите секогаш сакаат да имаат деца повеќе отколку жените“ – изјавила д-р Хелен Фишер.

„Мажите побрзо се заљубуваат, посклони порано се да ја запознаат својата партнерка со родителите и посклони се да се оженат со жена која поседува сè што бараат да има една партнерка иако таа не ги привлекува сексуално“ – дополнила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10604 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.