Почетна » Новости » Истражувања » Мажите прво гледаат во женските очи и насмевката, па во градите

Мажите прво гледаат во женските очи и насмевката, па во градите

Што мажите прво забележуваат кај жените? Според ново истражување, женските очи први го „фаќаат“ машкиот поглед.

Дури 70% од 1.000 учесници во истражувањето признале дека прво гледаат во очите на жената. Женската насмевка е на второ место, додека градите се на трето место.

Маж и жена

И голем процент од жените кои учествувале во истражувањето откриле дека кај претставниците на спротивниот пол прво ги забележуваат очите, а потоа насмевката и на трето место висината.

„Очите обично говорат многу за една личност, па не сме изненадени што токму очите нè привлекуваат најмногу кај спротивниот пол“ – изјавил претставник на компанијата Murine која го финансирала истражувањето.

Косата и фигурата исто така им се важен фактор на мажите, па по градите, тие ги насочуваат очите кон женската фризура и го оценуваат изгледот на женското тело.

Од друга страна, на жените им е особено важна висината на мажите, а дури потоа изгледот на нивната коса.

Што мажите гледаат кај жените? Што жените гледаат кај мажите?
1. Очите Очите
2. Насмевката Насмевката
3. Градите Висината
4. Косата Косата
5. Тежината Начинот на облекување
6. Нозете Тежината
7. Начинот на облекување Кожата
8. Задникот Обликот на лицето
9. Висината Задникот
10. Кожата Носот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.