Почетна » Новости » Истражувања » Мажите повеќе лажат за бројот на сексуални партнери

Мажите повеќе лажат за бројот на сексуални партнери

Британскиот сајт MyVoucherCodes спровел истражување за бројот на сексуалните партнери на мажите и жените и за тоа кој колку е искрен во врска со бројката. Резултатите од ова истражување тешко дека ќе бидат изненадување за некоја од нас.

Мажите почесто лажат за бројот на сексуални партнерки со тоа што ја зголемуваат бројката, а жените пак сокриваат некој/неколку од бившите партнери.

Пар во креветМажите почесто лажат за бројот на сексуални партнерки кои ги имале

Околу третина од жените даваат лажен одговор на прашењето за бројот на сексуални партнери. Дури 64% од нив ја намалуваат бројката. Како причина за намалувањето, половина од учесничките го навеле срамот од бројката, а 19% лажат за да не бидат сметани за промискуитетни.

Од друга страна, дури 43% од мажите ја лажат својата нова партнерка за бројот на бившите партнерки. 60% од „лажговците“ ја зголемуваат таа бројка.

Истражувањето открило и дека просечниот број на сексуални партнери кај жените е 7, а кај мажите 13.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.