Почетна » Новости » Истражувања » Мажите имаат повеќе слободно време од жените

Мажите имаат повеќе слободно време од жените

Дали сте се нашле во ситуација да правите неколку работи одеднаш и да немате време за одмор, додека вашиот сакан по стоти пат ги менува каналите на ТВ? Сигурно ќе одговорите „да“.

Сега вашите мисли дека мажите повеќе безделничат се поткрепени и со факти. Истражувачите докажаа дека мажите имаат горе-долу половина час повеќе слободно време секој ден, во споредба со понежниот пол.

Маж пред ТВМажите имаат повеќе слободно време од жените

Истражување во најбогатите земји во светот покажа дека мажите во Америка имаат 38 минути повеќе слободно време, во Франција – 33, во Британија – 32, во Белгија – 50 и во Германија – 22 минути.

Во Италија пак, мажите имаат дури 80 минути повеќе време за дружење со пријателите или за хобија, отколку што имаат Италијанките. Само во Норвешка мажите и жените се скоро изедначени, кога станува збор за слободното време.

За целите на истражувањето, времето било поделено на:

  • Работа: платена работа или учење.
  • Неплатена работа: домашни обврски, готвење, чување на деца или постари лица и шопинг.
  • Лична нега: спиење, јадење и пиење, лична хигиена, фризура, фитнес.
  • Слободно време: гледање ТВ, дружење со пријателите, спортови или хобија.

Истражувачите пресметале дека дури и ако кон слободното време се вклучи и дополнителното време што жените го поминуваат во шопинг или за нега, повторно мажите ќе имаат повеќе слободно време, иако тоа значително ќе се намали.

Истражувањето било објавено по повод Меѓународниот ден на жената и имало за цел да ја искористи очигледната мрзеливост на мажите како доказ за да ги поддржи барањата за поголема рамноправност на жените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.