Почетна » Новости » Истражувања » Лутите пиперки ги топат масните наслаги

Лутите пиперки ги топат масните наслаги

Лутите пиперки се дел од многу диети, затоа што се верува дека помагаат за слабеењето. Тие им помагаат на луѓето кои држат диета да губат телесна тежина, затоа што го забрзуваат метаболизмот и го стимулираат топењето на масните наслаги.

ПиперкиЛутите пиперки го забрзуваат метаболизмот и ги топат масните наслаги.

Досега оваа помош за слабеење можеа да ја користат само оние кои го сакаат и можат да го поднесат „жешкиот“ вкус на лутите пиперки. Но, сега научниците открија дека постојат одредени нелути пиперки кои содржат еквивалент на супстанцијата капсаицин, одговорна за топењето на мастите. Тој еквивалент тие го нарекле DCT (дихидрокапсиат).

За да го докажат позитивниот ефект на DCT, научниците направиле тест во кој што учествувале 34 мажи и жени кои се хранеле со нискокалорични течни оброци во текот на 28 дена. На дел од нив им биле давани пилули за плацебо ефект, а на другите им биле давани додатоци кон исхраната кои содржеле DCT.

Резултатите покажале дека оние кои консумирале DCT трошеле значително повеќе енергија (скоро двојно повеќе) во периодот од неколку часа по хранењето и нивните тела користеле масти како „гориво“.

Освен лутите пиперки, постојат и неколку други продукти кои можат да ви помогнат да согорувате повеќе калории, како кафето и зелениот чај.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.