Почетна » Новости » Истражувања » Левата страна од лицето е попривлечна

Левата страна од лицето е попривлечна

Знаете ли која е попривлечната страна од вашето лице? Наредниот пат кога ќе позирате, свртете се малку надесно и ставете ја во преден план левата страна на лицето. Зошто? Затоа што според нова научна студија, и мажите и жените изгледаат подобро на фотографиите кога се сликани од левата страна.

Истражувачите тврдат дека левата страна од лицето е естетски попривлечна и покажува поинтензивни емоции, што ја прави попријатна за гледање.

Жена што позира

За да стигне до овој заклучок, професорот по психологија Џејмс Скирило и ко-авторот на студијата, Келси Блекбурн, фотографирале 10 машки и 10 женски лица. Потоа, создале серија од оригинални и „огледални“ фотографии (за да може десниот образ да изгледа како лев и обратно). Кога од 37 доброволци било побарано да ги оценат фотографиите, повеќето ги фаворизирале фотографиите направени од левата страна и воопшто не било важно дали левата страна била оригиналната или „огледалната“ верзија.

Во текот на експериментот истражувачите забележале дека на учесниците повеќе им се проширувале зениците додека гледале во левиот образ, во споредба со десниот. Проширувањето на зениците значи дека гледаат во позитивна слика.

„Нашите резултати укажуваат дека левиот образ на лицата кои позираат изразува поинтензивни емоции, што е естетски попријатно за набљудувачите“ – изјавиле истражувачите преку соопштение.

Професорот Скирило советува луѓето кога позираат да се вртат малку надесно за да покажат повеќе од својата лева страна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.