Почетна » Новости » Истражувања » Кафето е добро за срцето

Кафето е добро за срцето

Експертите отсекогаш биле поделени кога станува збор за тоа дали кафето е штетно за срцето или не. Но, резултатите од ново истражување застануваат на страната на оние кои ја поддржуваат консумацијата на кафе.

Истражување во коешто учествувале луѓе на возраст од 65 до 100 години покажало дека оние кои пијат умерени количини на кафе дневно, имаат поеластични крвни садови околу срцето. Подобрувањето на еластичноста на крвните садови се асоцира со намален ризик за појава на срцеви заболувања.

КафеКафето ја подобрува еластичноста на крвните садови околу срцето

Новото истражување било спроведено со учество на жители на грчкиот остров Икарија. Овој остров уште се нарекува и „земја на долговечноста“, затоа што една третина од жителите доживуваат 90-години.

Резултатите покажале дека 56% од учесниците кои умерено пиеле кафе, т.е. една до две чаши дневно, имале крвни садови кои наликувале на крвните садови кај млад човек. Кај нив артериите биле поеластични во споредба со учесниците кои пиеле малку или воопшто не пиеле кафе.

Сепак, експертите предупредуваат дека преголемата консумација на кафе може да го намали позитивниот ефект.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11107 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.