Почетна » Новости » Истражувања » Кафето го намалува ризикот од депресија кај жените

Кафето го намалува ризикот од депресија кај жените

Јавете ѝ се на вашата пријателка и закажете си попладневно излегување на кафе. Ново истражување покажа дека кафето го намалува ризикот од депресија кај жените.

Кафе

Со учество на повеќе од 50 000 жени, Harvard School of Public Health го спровело најголемото истражување од ваков тип. Резултатите покажале дека жените кои пијат две до три кафиња дневно имаат за 15% помал ризик од појава на депресија во наредните 10 години, во споредба со жените кои во просек пиеле една шолја кафе неделно или помалку.

Ризикот од депресија пак бил за 20% помал кај жените кои пиеле 4 и повеќе чаши кафе дневно.

Во истражувањето учествувале само жени, но научниците сметаат дека истото важи и за мажите.

Новите податоци се во согласност со други неодамнешни истражувања кои ги потврдуваат здравствените придобивки од консумирањето на кафе. Претходни истражувања имаат потврдено дека умереното пиење кафе води до намален ризик од самоубиство, рак на градите и простатата и мозочен удар.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.