Почетна » Новости » Истражувања » Зборувањето за себе на Facebook носи исто задоволство како и сексот

Зборувањето за себе на Facebook носи исто задоволство како и сексот

Луѓето обожаваат да зборуваат за себе, независно дали го прават тоа лице в лице или онлајн, па затоа на Facebook можете да пронајдете секакви лични информации за вашите пријатели. Истражувачи од Харвард сметаат дека откриле зошто е тоа така. Тие тврдат дека луѓето кои често зборуваат за себе чувствуваат слично задоволство како задоволството предизвикано од храната, сексот, чоколадото или парите.

„Интернетот драстично го зголеми бројот на медиуми преку кои можеме да им зборуваме за себе на други луѓе“ – изјавила Дајен Тамир, која го предводела истражувањето.

Девојка на лаптопЛуѓето обожаваат да зборуваат за себе на социјалните мрежи

Научниците направиле вкупно 5 експерименти со 300 доброволци. Во дел од нив на учесниците им бил скениран мозокот додека тие споделувале информации за себе. Скенирањата покажале дека кога луѓето зборуваат за себе, кај нив многу повеќе се активираат оние области од мозокот кои се поврзани со парите, сексот и храната, отколку кога зборуваат за што било друго.

Ваквите резултати им помагаат на истражувачите да објаснат зошто луѓето толку многу го обожаваат споделувањето на социјалните мрежи. „Тоа им доставува еден вид на субјективна вредност и тие се чувствуваат одлично“ – рекла Дајен.

Истражувачите направиле и експеримент со кој сакале да утврдат дали луѓето би платиле за да им се даде можност да зборуваат за себе. Резултатите покажале дека луѓето дури и би се откажале од пари само за да можат да се пофалат со лични информации.

Можеби ќе си помислите дека сè е до карактерот и дека само екстравертните луѓе кои сакаат да се фалат се чувствуваат како наградени кога споделуваат. Но, истражувачите велат дека и срамежливите луѓе чувствуваат задоволство кога зборуваат за себе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.