Почетна » Новости » Истражувања » Замрзнатите зеленчуци често се похранливи од свежите

Замрзнатите зеленчуци често се похранливи од свежите

Кога и да се обидуваме да консумираме здрава храна, се насочуваме кон свежото овошје и зеленчук, сметајќи дека содржат повеќе хранливи материи. Но, многу често се лажеме со тоа.

Моркови

Замрзнатите зеленчуци често содржат повеќе хранливи материи отколку свежите, тврдат научниците. Тие откриле дека свежите зеленчуци можат да изгубат до 45% од своите хранливи материи додека да стигнат до чинијата на купувачите.

Многу често зеленчуците додека да се транспортираат и постават на полиците во супермаркетите веќе се стари 2 недели, т.е. изминати се две недели од моментот кога се собрани од нивите.

Истражувањето на Институтот за проучување на храната во Британија покажало дека токму тие околности придонесуваат зелената боранија да изгуби 45% од хранливите материи, брокулите и карфиолот 25%, грашокот 15%, а морковите до 10%.

Сепак, ова важи само за зеленчуците на кои им е потребно подолго време да стигнат до потрошувачката кошница. Свежиот зеленчук си останува најдобар извор на витамини и минерали, но само ако е пресен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.