Почетна » Новости » Истражувања » За сериозна врска, мажите избираат жена со убаво лице

За сериозна врска, мажите избираат жена со убаво лице

Многу истражувања низ светот се обидуваат да одгатнат како мажите и жените си избираат партнер. Едно од нив тврди дека мажите избираат партнерка со убаво лице кога имаат сериозни намери кон неа, а кога сакаат кратка авантура, тогаш повеќе го ценат изгледот на телото.

Убава женаКога имаат сериозни намери, мажите избираат жена со убаво лице

Американски научници побарале од околу 200 мажи да гледаат во слики од привлечна жена на којашто главата и телото ѝ биле покриени. Тогаш им било кажано да си замислат дека се со неа во кратка или долга врска и да отскријат еден дел од неа – или главата или телото.

Мажите кои сакале да имаат краткотрајна авантура биле заинтересирани да го видат телото на жената, а оние кои сакале посериозна врска – побарале да го видат нејзиното лице.

Се верува дека мажите прават ваков избор затоа што лицето издава многу повеќе информација за возраста. Тие потсвесно избираат помлади жени кои можат да им овозможат да имаат деца во текот на многу години нанапред.

Од друга страна, мажите моментално ги привлекува тело со убави облини, затоа што тоа им кажува дека жената е плодна и така добиваат шанса што повеќе да ги распространат своите гени. Во таков случај ним воопшто не им е важна возраста на жената.

Во текот на експериментот било заклучено дека без разлика дали бараат долга или кратка врска, жените секогаш биле позаинтересирани да го видат лицето на мажот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.