Почетна » Новости » Истражувања » Жените се чувствуваат стари на 29, а мажите на 58 години

Жените се чувствуваат стари на 29, а мажите на 58 години

Иако претходни истражувања покажаа дека жените го достигнуваат врвот на својата убавина на 31 година, британски истражувачи стигнале до заклучокот дека жените започнуваат да се чувствуваат стари во просек на 29 години.

За разлика од нив, мажите не се толку многу засегнати од годините и започнуваат да се чувствуваат стари дури на 58 години.

Тажна женаЖените во просек започнуваат да се чувствуваат стари на само 29 години

Со помош на истражување на Avalon Funeral Plans било откриено дека околу 25% од жените започнуваат да се чувствуваат стари кога ќе ги забележат првите неколку седи влакна во косата. Од друга страна, повеќе од 60% од мажите се чувствуваат стари дури откако ќе „кикснат“ во спалната, а 22% откако ќе започне да им смета гласната музика во баровите.

Се верува дека ваквата разлика кај половите се појавува поради модерните сфаќања на општеството за младоста, убавината и привлечноста.

„Во нашето општество привлечноста на жените е многу важна. Мажите не мора да изгледаат добро, но поради некоја причина, многу е важно жените да изгледаат претставително. Во списанијата главна тема е младоста и се полни со млади привлечни модели. Жените започнуваат да се перципираат како стари кога повеќе не се чувствуваат како тие модели, кога не се чувствуваат тренди и модерно“ – изјавил професорот Кери Купер.

Половина од жените изјавиле дека се сметаат за млади сè додека нивните гради и задник се цврсти и не овиснат, честопати како последица на породувањето и доењето. 10% изјавиле дека се чувствуваат стари од моментот кога нивната кожа започнала да ја губи еластичноста и да овиснува, а 3% како знак на старост го посочуваат моментот кога ќе започнат да се однесуваат како своите мајки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11115 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.