Почетна » Новости » Истражувања » Жените се чувствуваат дебели без разлика на нивната тежина

Жените се чувствуваат дебели без разлика на нивната тежина

Вашиот сопруг и пријателите ве сметаат за самоуверена и среќна личност со витка става, но и покрај тоа што вашата тежина е совршено нормална и здрава, кога ќе се погледнете во огледало сметате дека сте дебели? Па, можете да здивнете, затоа што ни оддалеку не сте сами.

Само една од 17 жени кои имаат нормална телесна тежина се смета себеси за слаба, покажа ново британско истражување.

Жена со нормална тежинаСамо 13% од жените со нормална телесна тежина се чувствуваат среќни со својот изглед

Во истражувањето учествувале илјадници доброволци од кои било побарано да се погледнат во огледало и да опишат како се чувствуваат и како изгледаат. Учесниците во истражувањето имале на располагање 12 придавки од кои требало да одберат неколку што одговараат на нивниот изглед.

Само 13% од жените со нормална телесна тежина се чувствувале среќни со својот изглед, а минимални 6% сметале дека се слаби.

Од друга страна, 17% од жените сметале дека се дебели и покрај нивната нормална тежина, а скоро исто толку изјавиле дека се чувствуваат онерасположени кога ќе се погледнат во огледало.

Мажите пак се чини дека немаат ваков проблем, затоа што само 6% од оние со нормална тежина изјавиле дека се дебели. Исто така, кај луѓето со прекумерна телесна тежина, двојно повеќе жени се чувствуваат засрамени поради својот изглед во споредба со мажите.

Според жените, основната причина за вишокот на килограми е чоколадото. Мажите пак го наведуваат алкохолот како најголем виновник за зголемувањето на телесната тежина.

Двата пола се разликуваат и во однос на причината поради која најчесто започнуваат да држат диета. Жените најчесто се решаваат на таков чекор за да изгледаат подобро и да си ја зголемат самодовербата, а мажите за да си го подобрат здравјето и да можат да бидат поактивни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.