Почетна » Новости » Истражувања » Жените се престари за бикини по 47-мата, а за мини по 35-тата година

Жените се престари за бикини по 47-мата, а за мини по 35-тата година

Жените сами пресудија: не треба да се носат мини сукњи по 35-тата година, а бикини по 47-мата година од животот.

Ново истражување на британската компанија Diet Chef, во кое учествувале 2000 жени, покажало дека 47-мата година од животот е границата после која жените би се чувствувале непријатно да носат дводелни костими за капење.

Иако холивудските ѕвезди како Камерон Дијаз и Џенифер Лопез не се откажуваат од мини здолништата, истражувањето вели дека жените не би требало да носат многу кратки сукњи по 35-тата година.

Џенифер Лопез Камерон Дијаз

Според резултатите од истражувањето, жените треба да престанат да носат кожни панталони кога ќе наполнат 34 и да не носат пирс на стомакот по 35-тата, проѕирни блузи по 40-тата, хеланки и UGG чизми по 45-тата, салонки по 51-вата година.

Кога станува збор за фризурата, анкетираните сметаат дека фризурата коњско опавче е несоодветна за жени над 51 година, а долгата коса за жени над 53 години.

Сепак, половината од учесничките се согласиле дека жените кои се слаби, здрави и привлечни во 50-тите и 60-тите години од животот можат да носат сè што ќе посакаат.

Од компанијата која го направила истражувањето се согласуваат дека изборот на соодветна облека е строго индивидуален и дека не мора да зависи од возраста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.