Почетна » Новости » Истражувања » Жените имаат повеќе сексуални фантазии за време на овулацијата

Жените имаат повеќе сексуални фантазии за време на овулацијата

Кога жените се во овулација, односно во периодот кога е најверојатно да останат бремени, нивната желба за секс автоматски се зголемува. Но, ново истражување покажало дека во овој период се зголемува и бројот на сексуални фантазии на претставничките на понежниот пол.

Канадско истражување покажало дека жените кои не се во врска имаат повеќе сексуални мисли во периодот околу овулацијата, во споредба со останатиот период од месечниот циклус, и дека тие фантазии им предизвикуваат поголема сексуална возбуда.

Сексуални фантазии

Саманта Досон од „University of Lethbridge“ и нејзини колеги се фокусирале на сексуалните фантазии, бидејќи тие подобро зборуваат за желбата за секс на жените, отколку бројот на сексуалните односи кој зависи од многу фактори. Истражувачите им дале на 27 хетеросексуални жени дневник во кој требало да ги запишуваат своите сексуални фантазии во текот на еден месец. Секоја од жените без да знае направила и тест за овулација за да можат истражувачите подобро да проценат кога навистина настапила овулацијата.

Резултатите покажале дека во просек жените имале по 0,77 сексуални фантазии дневно, што е многу повеќе отколку што покажале други истражувања. Претходните истражувања покажале дека мажите во просек имаат по една сексуална фантазија дневно, а жените по една фантазија неделно.

Во трите дена околу овулацијата, во просек жените имале по 1,3 сексуални фантазии дневно. Исто така, фантазиите во овој период им предизвикувале на жените и поголема сексуална возбуда.

Иако истражувачите очекувале жените во текот на овулацијата да фантазираат повеќе како мажите, т.е. фантазиите да им бидат повизуелни и експлицитни, а помалку да се фокусираат на емоциите, сепак фантазиите на жените останале непроменети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9526 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.