Почетна » Новости » Истражувања » Жените за 3 минути можат да одлучат дали им се допаѓа еден маж

Жените за 3 минути можат да одлучат дали им се допаѓа еден маж

На жените им се потребни само 3 минути за да одлучат дали еден маж им се допаѓа или не, покажало ново истражување.

Просечната жена ги користи тие 180 секунди за да го оцени изгледот на мажот, неговата градба, начинот на облекување, но исто така и неговата елоквентност. Не губејќи време, жените во тој краток период оценуваат и како мажот комуницира со нивните пријателки и дали е успешен или амбициозен.

Млад парЗа 3 минути жените можат да решат дали еден маж им се допаѓа или не

Повеќето жени сметаат дека 180 секунди се сосема доволни за да одлучат дали човекот што стои пред нив е вистинскиот или не.

Истражувањето во кое учествувале 3000 возрасни лица покажало дека откако ќе донесат една првична одлука, жените тешко си го менуваат мислењето и веруваат дека се секогаш во право за своите претпоставки и расудувања.

„Мислам дека многу луѓе им веруваат на своите инстинкти кога станува збор за состанувањето. Но, изненадува фактот што жените толку брзо донесуваат одлука. Тоа не е доволно време ниту да го допијат пијалокот заедно“ – изјавил Бен Кеј, авторот на нова книга насловена како „Инстинкт“.

Жените веднаш би одбиле еден маж ако тој е премногу самобендисан, ако бара премногу внимание, ако немаат ништо заедничко со него или ако не е љубезен кон другите луѓе.

Истражувањето открило дека повеќето жени им веруваат на своите инстинкти и дури 88% изјавиле дека нивните инстинкти се покажувале како правилни и дека требало да се раководат според нив.

И мажите и жените признале дека нивните инстинкти се многу важни при донесувањето на одлуки, па 84% изјавиле дека инстинктите имаат предност пред сè останато при донесувањето на важни одлуки во животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.