Почетна » Новости » Истражувања » Жените во врска постепено ја губат желбата за секс

Жените во врска постепено ја губат желбата за секс

Канадски истражувачи го потврдија она што многу мажи досега го тврделе: желбата за секс на жените кои се во врска со текот на времето се намалува, а желбата за секс на мажите останува иста.

Ниско либидо

Истражувањето на Сара Мареј и Робин Милхаусен покажало дека постои врска помеѓу времетраењето на врската и опаѓањето на интересот за секс на жените. Двајцата истражувачи анкетирале 170 студенти и студентки кои биле во врски од 1 месец до 9 години. Сите тие требало да дадат информации за тоа колку се задоволни во врската, за сексуалното задоволство и желбата за секс. За да можат да ја рангираат желбата за секс, научниците создале т.н. Female Sexual Function Index кој се движел од 1,2 до 6,0.

Резултатите покажале дека учесниците во главно биле задоволни од својата врска и сексуалниот живот, но жените пријавиле пониска желба за секс во зависност од времетраењето на врската.

„Поточно, за секој дополнителен месец што жените во истражувањето го поминале во врска, нивната желба за секс се намалувала со 0,02 на скалата на Female Sexual Function Index“ – напишале авторите на истражувањето во списанието Journal of Sex & Marital Therapy. Иако тоа не изгледа многу, кога ќе се приложи во врска која трае со години, тогаш може да се види дека е значајно намалување.

Од друга страна, желбата за секс кај мажите останала непроменета.

Истражувачите сметаат дека објаснувањето може да се крие во теоријата за еволуцијата, односно според нив, логично би било желбата за секс на жените да се намалува за да можат тие да се фокусираат на растењето и воспитувањето на нивните деца. Во исто време би се очекувало желбата за секс на мажите да остане висока со цел да можат да остават што поголем број на потомци.

Истражувачите сметаат дека ова ќе им помогне на паровите да сфатат дека може да се случи желбата за секс постепено да се намалува, но тоа не значи дека паровите треба да го прифатат тоа, туку треба да се обидат да го променат.

„Кога една индивидуа има секс со еден партнер во текот на многу години, потребна е креативност и отвореност да се зачуваат нештата свежи и возбудливи. Луѓето треба да сфатат дека сексуалниот живот е важен дел од врската и дека е неопходно да вложуваат напори за да ги одржуваат работите забавни и интересни“ – изјавила Сара.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.