Почетна » Новости » Истражувања » Жените 9 пати повеќе страдаат од синдромот на скршено срце

Жените 9 пати повеќе страдаат од синдромот на скршено срце

Женското срце е поранливо од машкото. Жените девет пати почесто страдаат од синдромот на скршено срце, кој се појавува кога ненадеен или долготраен и интензивен стрес, како раскинување или нечија смрт, предизвикува појава на симптоми кои наликуваат на срцев удар. Тоа било констатирано со ново истражување, спроведено од експерти од Универзитетот Арканзас.

Жена со скршено срцеСиндромот на скршено срце за 9,5 пати почесто се појавува кај жените под 55 години, отколку кај мажите на истата возраст

„Бев многу љубопитен зошто ова се појавува само кај жените“ – изјавил д-р Абишек Дешмук, кој го направил големото истражување.

Користејќи податоци од 1.000 болници, тој открил дека во 2007 година имало 6.229 случаи. Од нив само 671 вклучувале мажи. Резултатите од неговото истражување покажале дека кај жените синдромот на скршено срце се појавува за 7,5 пати почесто отколку кај мажите. Појавата на овој синдром е трипати почеста кај жените на возраст над 55 години, отколку кај помладите жени. Жените пак кои се помлади од 55 години страдаат од синдромот за 9,5 пати почесто отколку мажите на истата возраст.

Синдромот на скршено срце се појавува кога голем шок (макар и тој да е позитивен, како добивање на лото) предизвикува зголемување на нивото на адреналин и други хормони на стресот, кои водат до нарушување на функцијата на срцето, затоа што тоа се зашеметува или ослабува.

Едната теорија вели дека хормоните се виновни за тоа. Другата теорија вели дека мажите имаат повеќе рецептори на адреналин на клетките на нивното срце во споредба со жените, па можеби подобро се справуваат со стресот.

Скоро сите жртви на овој синдром заздравуваат без проблеми. Само 1% од случаите завршуваат фатално.

Иако бројот на срцеви удари е поголем во зима, експертите велат дека синдромот на скршено срце е почест налето.

Жената која штотуку го загубила својот сопруг е класичен случај на синдромот на скршено срце, велат кардиолозите. Синдромот за првпат бил опишан од јапонски доктори во 1990 година и го нарекле Takotsubo cardiomyopathy.

Пример: Синди Бајзон се плашела што ќе се случи со нејзиниот сопруг, Џоел, кога во 2005 година тој доживеал срцев удар. „Господ нека работи преку твоите раце“ – му рекла таа на хирургот додека нејзиниот сопруг бил пренесуван во операционата сала. Нешто подоцна таа се онесвестила од „синдромот на скршено срце“ и завршила во истото одделение со нејзиниот сопруг. И двајцата преживеале.

Извештајот од истражувањето бил презентиран пред Американската асоцијација за срце.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.