Почетна » Новости » Истражувања » Долгото седење = поголем задник

Долгото седење = поголем задник

Долгото седење не само што е лошо за здравјето, туку е лошо и за витката линија, предупредуваат научниците.

Истражувачи од Универзитетот Тел Авив откриле дека седењето предизвикува создавање на повеќе масни наслаги во областа на задникот и дека засегнати од ваквиот ефект се дури и оние кои се хранат здраво и вежбаат редовно.

Жена што седи пред компјутерДолгото седење резултира со поголем задник

Резултатите од новите истражувања ја потврдуваат теоријата дека долгото седење навистина го зголемува задникот. Според научниците, дополнителниот притисок во областите на телото кои се користат за седење или лежење произведува за 50% повеќе масни наслаги во тие делови.

Уште полошата вест е што и луѓето кои редовно практикуваат физичка активност и внимаваат на внесените калории ќе го почувствуваат негативниот ефект на долгото седење врз нивната фигура.

„Дебелината е многу повеќе од само дисбаланс на калориите. Самите клетки се влијаат од нивната механичка средина. Масните клетки произведуваат повеќе триглицериди и со многу поголема брзина кога се изложени на постојано растегнување. Постојат различни начини на кои клетките можат да почувствуваат механички товар. Се покажа дека долгите периоди на статично механичко натоварување и истегнување, предизвикано од тежината на телото кога седиме или лежиме, го зголемува создавањето на липиди“ – објаснил професорот Амит Гефен.

Истражувањето е објавено во „American Journal of Physiology - Cell Physiology“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11134 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.