Почетна » Новости » Истражувања » Децата ги прават жените посамоуверени

Децата ги прават жените посамоуверени

Децата се најголемото богатство. Нема поголема радост во животот на една жена од раѓањето на бебенце. Па токму поради тоа, воопшто не е изненадување што научниците откриле дека децата ја зголемуваат самодовербата на жените, го намалуваат ризикот од појава на депресија и значително ги намалуваат шансите жената да изврши самоубиство.

СемејствоДецата ја зголемуваат самодовербата и среќата на жените.

Во едно од најголемите истражувања направени во оваа област, биле анализирани податоци за 1 294 462 жени во текот на 20 години.

Врз основа на тие податоци, научниците откриле дека мајките се значително посреќни, се дружат со повеќе луѓе и кај нив се намалува ризикот од извршување самоубиство. Тие откриле и дека колку што е поголем бројот на деца, толку повеќе се намалува ризикот за одземање на сопствениот живот.

Причината за овие заклучоци истражувачите ја гледаат во зголемената среќа на мајките по породувањето и зголемениот број на луѓе со кои контактираат мајките.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.