Почетна » Новости » Истражувања » Викендите ги прават луѓето посреќни

Викендите ги прават луѓето посреќни

Дали го мразите звукот на алармот за на работа? Дали преку неделата почесто чувствувате главоболка? Дали кога ќе дојде петок вечер имате чувство дека сте слободни и посреќни?

Ако одговорот е да, тогаш вие сте дел од многуте луѓе кои што се под влијание на т.н. викенд ефект.

Викенд ефектот прави луѓето да имаат подобро расположение, помалку болки и подобро психичко и физичко здравје од петок навечер до недела попладне. Тоа е заклучокот од ново истражување за варирањето на расположението кај возрасните вработени лица.

Среќна женаДокажано: луѓето се посреќни за време на викендите.

„Работниците, дури и оние со интересна и високо платена работа, се посреќни за време на викендите“ – изјавил Ричард Риан, професор по психологија на Рочестер универзитетот.

Ова истражување, во кое учествувале возрасни лица од 18 до 62 години, само ја докажа теоријата дека слободното време е многу важно за добрата физичка и психичка состојба на едно лице.

Заклучокот бил дека луѓето се чувствуваат подобро за време на викендите без разлика колку пари заработуваат, колку часа работат неделно, какво е нивното образование, каква е нивната професија или дали се мажени, сингл или разведени. Причината за таквата појава е тоа што луѓето викендите ги асоцираат со повеќе слобода и можност за зближување со пријателите и најблиските.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.