Почетна » Новости » Истражувања » Алкохолот нè тера да заборавиме на срамот

Алкохолот нè тера да заборавиме на срамот

Пијанството никогаш не е пријатно искуство и честопати е причина луѓето да прават работи кои никогаш не би ги направиле додека се трезни. Но, научниците велат дека алкохолот не нè поттикнува да се однесуваме лошо, туку само предизвикува да не се плашиме дека ќе се посрамотиме.

Истражувачи од Универзитетот Мисури тврдат дека пијаните луѓе се свесни кога прават грешка, но алкохолот кај нив ги намалува сигналите на мозокот кои би им кажале да се загрижат за таквото однесување.

Друштво што наздравуваАлкохолот придонесува да не ни е гајле што правиме грешки

„Кога правиме грешки, се зголемува активноста во областа од мозокот одговорна за набљудување на однесувањето. Тоа праќа сигнал до другите области од мозокот за да им каже дека нешто не е во ред. Нашето истражување покажа дека алкохолот не ја намалува способноста на луѓето да знаат дека направиле грешка, туку предизвикува помалку да се грижат за правењето на тие грешки“ – изјавил Брус Бартолоу, кој го предводел истражувањето.

За да стигне до овој заклучок, проф. Бартолоу и неговите колеги ја набљудувале активноста на мозокот на млади луѓе на возраст од 21 до 35 години. На една третина од учесниците им бил даден алкохолен пијалок, а на останатите не им бил даден алкохол или им бил даден пијалок со плацебо ефект. Потоа, сите требало да извршат одредена задача на компјутер.

Резултатите покажале дека учесниците кои консумирале алкохол биле свесни кога прават грешка, но едноставно не им било гајле. Дури и по направената грешка, пијаните учесници не успорувале за да станат повнимателни, како што тоа го прават трезните.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9469 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.