Почетна » Новости » Истражувања » 80% од жените чуваат облека која не им е точна

80% од жените чуваат облека која не им е точна

Отворете го вашиот плакар. Дали во последната година сте облекле сè што има во него? Или со грижа чувате најразлична облека која никогаш не ја носите и која можеби сте ја надраснале?

Жените тешко се разделуваат од облеката и повеќето претставнички на понежниот пол во својот гардеробер чуваат облека која им е мала, со надеж дека повторно ќе дојде ден кога ќе можат да ја облечат, велат истражувачите.

Најновото истражување во оваа област покажало дека околу 80% од жените чуваат парчиња облека кои никогаш не можат да ги носат затоа што не се во точната големина, а две третини од жените негуваат надеж дека еден ден повторно ќе можат да ги облечат.

Жена пред плакар

Зошто жените чуваат облека која не ја носат? Некои ја чуваат затоа што се надеваат дека ќе ослабат и дека повторно ќе можат да ја носат, други не сакаат да ја фрлат бидејќи им враќа убави спомени, трети затоа што ја носеле на важен настан итн. Поточно, 25% чуваат ненослива облека затоа што била премногу скапа за сега лесно да се откажат од неа, други 25% веруваат дека еден ден таа облека ќе им се најде за нешто, а околу 10% ја чуваат бидејќи ги потсетува на среќни денови и настани како матурска вечер или првото интервју за работа. Од друга страна, 8% намерно купиле помала облека со надеж дека еден ден ќе можат да се вовлечат во неа.

Каква облека стои необлечена во плакарите на жените? Фармерките и свечената облека се на прво место на листата на ненослива облека. Жените очигледно чуваат тесни фармерки и вечерни фустани раководејќи се од мислата дека еден ден повторно ќе ги облечат.

Британското истражување било спроведено од хуманитарната организација „Give Up Clothes for Good“, а во него учествувале повеќе од 1.000 жени. По ваквите резултати, претставничка на организацијата ги советува жените да ги расчистат своите плакари и да ги донираат алиштата во хуманитарни организации.

Психологот Линда Пападопулос смета дека дарувањето на тесната облека ќе им помогне на жените повеќе да го засакаат своето тело и да не се опседнуваат со идејата за слабеење. Таа дополнува дека самото донирање на облеката придонесува личноста да се чувствува подобро и поисполнето, бидејќи знае дека прави добро дело.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.