Почетна » Новости » Истражувања » 70% од жените би се откажале од секс во замена за совршено тело

70% од жените би се откажале од секс во замена за совршено тело

Затоплувањето на времето и наближувањето на летната бикини сезона го зголемува притисокот што жените го чувствуваат за да имаат тело во топ форма. Имено, според истражување на списанието Shape и веб сајтот FitSugar, 82% од претставничките на понежниот пол чувствуваат притисок да ослабат или да го обликуваат своето тело пред летните посети на плажа.

Желбата да имаат совршено тело кога ќе се соблечат по бикини е толку силна што најголем дел од жените би се откажале од сексот ако тоа им донесе идеално тело. Поточно, 68% од жените во истражувањето изјавиле дека би заборавиле на секс во текот на еден месец во замена за топ тело.

Жена по бикиниНајголем дел од жените би се лишиле од секс за да имаат совршено тело

Па, од кој дел од своето тело не се задоволни жените? Повеќе од половината жени го мразат изгледот на својот стомак, додека 29% не се задоволни од изгледот на бедрата.

Но, и покрај тоа што многу жени не се задоволни од своето тело, тие не го кријат во едноделен костим за капење. 76% од жените носат дводелни костими за капење.

Еве уште неколку интересни факти за жените и бикините:

  • Само 10% би ставиле „like“ на фотографија на која се тагнати, а на која се по бикини. 44% би го тргнале тагот или би побарале од пријателката да ја отстрани фотографијата.
  • 60% од жените започнуваат диета пред летото (53% кратат калории, 22% кратат јаглехидрати, а 15% испробуваат други стратегии за слабеење).
  • 79% сакаат да ослабат барем 2-3 килограми.
  • Најголема грижа на жените на плажа е заборавени неотстранети влакна.
  • Половината од жените најдобро се чувствуваат во бикини кога се на плажа со својот сакан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.