Почетна » Новости » Истражувања » 51% од жените би се откажале од секс во замена за витка линија

51% од жените би се откажале од секс во замена за витка линија

Секс или убаво тело? Американското списание Fitness запрашало 2400 жени дали би се жртвувале да поминат една година без секс за да имаат убава линија. 51% од жените одговориле со „да“.

Останатите 49% изјавиле дека не би се откажале од добар секс, дури и тоа да значи дека би биле подебели со 15 килограми.

Секс51% од жените би се откажале од секс во текот на една година во замена за витка линија

Истражувањето покажало дека голем дел од жените постојано се обидуваат да ослабат со различни диети. 24% од учесничките признале дека прескокнуваат оброци со цел да останат слаби, а 39% имале држено ригорозни диети само за да ослабат што поскоро.

Една третина од учесничките изјавиле дека имаат пробано, но никогаш не би повториле режим на исхрана со кој слабее некоја славна ѕвезда, како на пример диетата со бебешка храна која се смета дека ја користи Џенифер Анистон или диетата за детоксикација на Гвинет Палтроу.

Некои жени толку често држат диета што веќе не можат да си спомнат точно колку пати биле на диета, а дури 44% од учесничките биле на диета во периодот во кој било правено истражувањето.

Една четвртина од жените имаат тргнато фотографии од друштвената мрежа Facebook само затоа што сметаат дека на нив изгледаат дебело.

Најдобриот начин да добиете убаво тело е редовно вежбање и придржување кон здрав начин на исхрана кој не бара изгладнување на телото.

„Ако се придржувате кон здрава диета со внесување на околу 1500 калории дневно, ќе слабеете со 0,5-1 килограм неделно“ – советува извршниот директор на списанието кои го направило истражувањето.

Што би одговориле вие? Дали би се лишиле од задоволството што го носи сексот за да бидете слаби?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.