Почетна » Новости » Занимливости » „Ќелави, убави и храбри“: Третоодделенци ги избричија главите за соученици со тумор на мозокот

„Ќелави, убави и храбри“: Третоодделенци ги избричија главите за соученици со тумор на мозокот

Деветнаесет третоодделенци од училиште во Минанк, Илиноис ги избричиле своите глави за да им дадат поддршка на соучениците кај кои бил откриен тумор на мозoкот.

Минатата година, на три момчиња од исто одделение им бил дијагностициран тумор на мозокот. 8-годишните близнаци Брус и Алекс МекКај и нивниот соученик Брендон Хејл воделе мачна битка со болеста.

За жал, малиот Брус издишал за последен пат на 31 јануари оваа година. Неговиот брат Алекс сè уште е на болница каде прима терапија со зрачење.

Со цел да му оддадат почит на Брус и да им пружат цврста поддршка на Алекс и Брендон, добродушните деца се вклучиле во настанот „Ќелави, Убави и Храбри“, кој бил одржан во нивното училиште. 13 момчиња и 6 девојчиња несебично ја покажале својата солидарност и се пријавиле за да им бидат избричени главите.

Деца Деца Деца

Храброто и великодушно дело на соучениците го трогнало Брендон. Кога ја погледнал сликата од своите другарчиња, тој не успеал да ги надвладее емоциите. „Имаше солзи во неговите очи. Многу му недостигаат“ – изјавила неговата мајка за Journal Star.

На Брендон му бил дијагностициран и тумор на ‘рбетниот мозок, па постојат шанси тој да остане парализиран. „Операцијата е многу, многу ризична. Тој може да излезе од операција парализиран од половината надолу“ – додала мајката на Брендон.

Гестот на учениците несомнено ќе им даде сила на храбрите момчиња додека ѝ задаваат удари на тешката болест.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.