Почетна » Новости » Занимливости » Љубовта не е туризам: Парови од различни држави разделени со затворањето на границите се борат да бидат заедно

Љубовта не е туризам: Парови од различни држави разделени со затворањето на границите се борат да бидат заедно

Љубовта на далечина сама по себе е тешка, а со затворањето на границите поради пандемијата, стана уште поболна за некои парови.

Бројни партнери од различни држави се борат и даваат сè од себе за повторно да можат да бидат со своите сакани личности. И покрај тоа што речиси сите држави ги отворија границите за туризам, некои сè уште забрануваат излез или влез од одредени земји.

„Љубовта не е туризам, љубовта е есенцијална“ – пишуваат паровите на социјалните мрежи.

паровиМарија Лобато од Бразил и Хорст Шлерет од Германија

Марија Лобато од Бразил и нејзиниот вереник Хорст Шлерет од Германија ја ставија својата венчавка на пауза. Идната невеста требало оваа пролет да отпатува во Германија да ја планираат нивната свадба, но поради затворањето на границите, тие не можат да бидат заедно.

Марија и Хорст се само еден од илјадниците лица кои поради тоа што не се во брак, не можат да влегуваат во земјите од Европската унија и да бидат обединети со своите партнери.

паровиЛеа Хауд од Илиноис и Бас од Холандија

Леа Хауд изјавила дека е загрижена што нејзиниот 5-месечен син нема да го познава својот татко кога конечно ќе бидат обединети. „Тој е премногу мал за да знае дека личноста на мониторот е неговиот татко“ – изјавила таа. Леа со својот син се наоѓа во Илиноис, додека нејзиниот партнер Бас е во Холандија од почетокот на коронакризата.

Пред пандемијата, тие ја финиширале документацијата за Леа да се пресели во Холандија. За жал, не успеале навреме да ја завршат процедурата.

паровиСимон од Австралија и Лили од Германија

„Ние сме Симон (Австралија) и Лили (Германија). Се запознавме во 2018 година во Канада, каде и двајцата живеевме привремено и се заљубивме. Уште оттогаш ја планираме нашата иднина во Германија. Симон доби виза за работа и живеење во Германија, но за жал не успеа да стигне тука пред затворањето на сите граници. Европа повторно ги отвори границите, но сè уште е тешко се бидеме заедно. Австралија најави забрана за патување за сите граѓани, што значи дека потребна е специјална дозвола за да можеш да ја напуштиш државата“ – пишуваат тие.

паровиБруно од Уругвај и Флоренсија од Аргентина.

„Ние сме Бруно и Флоренсија. Тој е од Уругвај, а јас сум од Аргентина. Ние сме пар скоро 4 години. Аргентина е затворена повеќе од 4 месеци и Владата не одговара на е-пошта или не ни даваат дозвола за виза за Бруно да дојде во Аргентина“

„Исто така, Уругвајскиот конзулат во Аргентина не одговара на нашите мејлови за да ни дозволат да патуваме. Ова е очајна сутуација и психолошките последици ги чувствуваме и двајцата. Бараме надлежните да нè слушаат и да ни дадат дозвола да се видиме. Тие бараат од нас да бидеме во брак, бидејќи само на тој начин ќе ни овозможат да се видиме“ – раскажува Флоренција.

Погледнете фотографии и од други парови кои сè уште мораат да ја одржуваат врската на далечиња, без да споделат бакнеж и прегратка.

паровиСАД - Македонија паровиИндонезија - Германија паровиКостарика - Германија паровиСАД - Ирска паровиСАД - Франција паровиАвстрија - Мексико паровиБелгија - САД паровиБелгија - Кина паровиБосна и Херцеговина - Италија паровиГерманија - Бразил паровиИталија - САД паровиИталија - Чиле паровиНов Зеланд - Аргентина паровиРусија - Франција паровиСАД - Белгија паровиСАД - Германија
Порака Порака Порака

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11732 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.