Почетна » Новости » Занимливости » Љубовно писмо на 87-годишен маж за сопругата со која е во брак 61 година

Љубовно писмо на 87-годишен маж за сопругата со која е во брак 61 година

Боб Филипс е романтичар од старата школа. Додека денес модерната љубов се преточува во SMS и Facebook пораки, 87-годишниот маж одлучил да напише кратко љубовно писмо за својата сакана сопруга.

По повод 61-годишнината од бракот, Боб го објавил писмото во весникот „Charlotte Observer“ и ги стоплил срцата на многу восхитените читатели.

И покрај тоа што неколку децении од животот ги поминале заедно, Боб и Гејл секојдневно се опсипуваат со комплименти и љубовни зборови. „Со неа бев во добро и во лошо, но лошото со неа е подобро отколку доброто со која било друга“ – изјавил среќниот старец во интервју направено откако неговото писмо станало вирален хит.

Гејл и БобСвадбена фотографија на Гејл и Боб

Драга Гејл,

Секоја недела ги гледам фотографиите од нови невести во весникот. Барам. Сакам да видам дали има или дали некогаш ќе има друга невеста толку прекрасна како тебе. Го правам ова од 27 јуни 1953 година.

Всушност, веќе го знам одговорот. Нема, ниту пак некогаш ќе има, некоја друга која ќе ти биде рамна по убавина.

На нашиот свадбен ден ти беше најубавото нешто кое сум го видел некогаш. Убавата вистина е дека сѐ уште си.

Честита годишнина, сакана. Ме направи најсреќниот и најблагодарниот сопруг кој една невеста може да го познава. Со задоволство би поминал уште 61 година во брак со тебе. А потоа, се молам вечно да останеме заедно.

Со љубов,

Боб

Сепак, Боб признава дека две жени ѝ се доближиле на Гејл по убавина – нивните две ќерки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.