Почетна » Новости » Занимливости » Љубов во карантин: Здогледа девојка која танцува на кров, со дрон ѝ прати порака и започна романса која го освојува светот

Љубов во карантин: Здогледа девојка која танцува на кров, со дрон ѝ прати порака и започна романса која го освојува светот

Во морето вести за коронавирусот од целиот свет, отскокнува позитивна љубовна приказна која е во зачеток. Најинтересното е што засега е овековечена во три кратки видеа.

I дел – прв контакт

Сè започна кога Џереми Коен здогледа девојка која откачено танцуваше на кровот на соседна зграда. Откако ја поздрави со мавтање, а разиграната Тори му возврати, тој ѝ испрати порака со неговиот телефонски број со помош на дрон.

„Почувствував чудна поврзаност со неа“ – изјавил тој.

Набрзо таа го контактира.

II дел – прв состанок

Џереми ја покани Тори на состанок. Но, бидејќи Бруклин е во карантин, тој организира нејзината цимерка да постави маса со романтична вечера на нивниот кров.

Џереми остана на неговиот балкон, а комуникацијата одеше преку FaceTime.

Џереми и Тори Џереми и Тори

III дел – прва средба

За првата средба, Џереми се затвори во голем проѕирен „меур“ за да ги почитува мерките за заштита од коронавирус.

Џереми и Тори Џереми и Тори

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11485 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.