Летото конечно започнува и температурите растат од ден во ден. Одлични вести за сите „летољупци“ и крај на надежите за „зимољупците“ дека студените денови ќе продолжат. На која категорија и да припаѓате, важно за двата типови на луѓе е дека продорните сончеви зраци ова лето ќе бидат особено опасни, па бидете соодветно подготвени.
Сончевите UV зраци продираат длабоко под кожата и придонесуваат за нејзино предвремено стареење, изгореници, а многу научни истражувања укажуваат и на развивање на рак како најстрашна последица од предолга изложеност без соодветна заштита.

Токму затоа е важно да нанесете соодветна крема или спреј пред да се изложите на сонцето. За да сте сигурни дека сте соодветно заштитени, подготвивме шест важни совети кои мора да ги знаете. Продолжете со читање и откријте што е најважно за соодветна заштита.
1. Користете крема со висок заштитен фактор
Заштитниот фактор е најважниот елемент кој треба да го гледате кога бирате средство за заштита од сонцето. На пример, Sundance кремата за сончање со фактор 50 нуди беспрекорна заштита со која можете да минете часови под жешкото летно сонце.
Но, што точно значат бројките и зошто 50 е подобро од фактор 20, на пример. Кремите со повисок фактор за заштита пропуштаат помалку сончеви зраци, додека оние со понизок, пропуштаат повеќе. Конкретно, факторот 50 одбива околу 98% од зраците, додека оној од 20, околу 95%.
Иако разликата меѓу нив не изгледа голема, тоа е сосема доволно да не сте соодветно заштитени ако минувате долги периоди изложени директно на сончевите зраци во лето.
2. Правилно нанесете ја кремата
Многумина не ја нанесуваат кремата правилно и потоа горат на некои места. Иако мислите дека сончевите зраци нема да допрат на одреден дел од телото бидејќи на него има облека, подобро е да го нанесете кремот отколку да ризикувате.
Генерално, за покривање на целото тело се доволни 30 милилитри крема, што е еднакво на една чаша за еспресо.
Не штедете. Подбро е да ставите повеќе отколку помалку, но најважно е добро да ја втриете кремата и кожата да ја упие. Така ќе бидете сигурни дека кожата е целосно покриена и сте заштитени.
3. Имајте го на ум времетраењето на дејството
Кремите и останатите препарати не делуваат засекогаш. Нивното дејство по нанесувањето трае одреден период, а потоа мора да ги нанесете уште еднаш за да сте сигурни дека заштитата активно трае.
Вообичаено, заштитата трае околу два часа по што ќе мора да нанесете нов слој на кожата. Доколку не го сторите тоа, шансата да претрпите последици по вашето здравје се зголемува со секоја минута мината под сонцето.
4. Нанесете ја кремата навремено
Многумина прават основна грешка кога веднаш по нанесувањето на кремата излегуваат на сонце. Тие ќе ја стават кремата, ќе поминат половина час на сонце и ќе се вратат назад со изгореници. Причината за тоа е што на кожата ѝ треба време да ја опие содржината од кремата.
Сите препарати за заштита од сонцето се направени со специјални состојки кои кожата мора да ги впие за да може да ја овозможат посакуваната заштита. По нанесувањето почекајте 15-20 минути пред да излезете на сонцето за да бидете сигурни дека средството делува.
5. Покријте ги сите делови од телото со соодветна заштита
Колку пати ви се случило телото да ви биде целосно покриено под крема, но да ви изгорат усните? Кремата или спрејот има состојки кои не се соодветни за усните, но за нив, побарајте и нанесете специјален балсам за усни кој ќе ве заштити целосно.
Дополнително, не заборавајте да ја заштите и косата и очите со шапка и очила. Сонцето многу лесно ја оштетува косата, а вашите зеници може да претрпат трајни последици доколку долго сте изложени на сончевите зраци вез соодветни очила.
6. Нанесете средство за после сончање
На крајот од денот, кога авантурата на плажа или по градските улици завршила, задолжително истуширајте се и нанесете од специјалното средство за после сончање. Без разлика дали ќе одберете млеко, лосион или нешто друго, ваквите средства ја омекнуваат и хидрираат кожата, односно ја враќаат нејзината свежина.
Направени од состојки како алое вера, пантенол, камилица и други, овие продукти одлично делуваат за смирување на кожата по изложеноста на суровите сончеви зраци.