Почетна » Новости » Занимливости » Шкотска станува првата земја во која менструалните производи се бесплатни

Шкотска станува првата земја во која менструалните производи се бесплатни

Шкотска ѝ кажува збогум на менструалната сиромаштија.

Шкотскиот парламент едногласно го изгласа предлог-законот со кој на целата нација ѝ се овозможува пристап до бесплатни менструални производи.

Менструални производи

Предлог-законот беше претставен од политичарката Моника Ленон минатата година, а беше изгласан синоќа. Менструалните производи ќе бидат достапни во сите јавни установи, вклучително и во училиштата и факултетите низ целата земја.

„Кампањата е поддржана од широка коалиција од трговски сојузи, организации на жени и добротворни организации. Шкотска нема да биде последната земја која ја остава менструалната сиромаштија во историјата“ – вели Монка Ленон. „Ова е сигнал за светот дека може да се постигне бесплатен универзален достап до менструални производи“ – додава таа.

Во текот на нивниот живот, жените просечно 7 години имаат менструација, но многу од нив не можат да си ги дозволат основните менструални производи и производи за лична хигиена.

Менструални производи

Се проценува дека шкотската влада треба да оддели околу 10 милиони евра годишно до 2022 година за спроведување на новиот закон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9469 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.