Почетна » Новости » Занимливости » Чудесни фотографии од раѓањето на нови животи

Чудесни фотографии од раѓањето на нови животи

Фотографиите на Лејлани Роџерс ќе ви покажат дека секое породување крие во себе неочекувана убавина, независно дали е дома или во болница, природно или со царски рез. Многупати наградуваната фотографка цели да го разбие сфаќањето дека породувањето е грозно и да докаже дека тоа е „рајско доживување“, како и да покаже дека дури и во најранливите моменти, мајките се силни и убави.

„Сум била во близина на многу плаценти и папочни врвци. Сум успеала да го овековечам моментот кога бебе за првпат вдишува. Сум престанувала да дишам неколкупати кога мајките посегнувале по своите деца и ги ставале на своите гради. Сум била трогната од емотивни татковци и брзи, интуитивни акушерки и гинеколози кои го прават породувањето нормално и безбедно и кои заслужуваат пофалби. Има толку многу неочекувана убавина во сите аспекти на раѓањето“ – рекла Роџерс.

Лејлани Роџерс

Во интервју за BabyCenter, Лејлани ги открила неверојатните приказни за некои од нејзините најдраги фотографии.

„Пред неколку години имав неверојатна среќа да документирам породување со близнаци во домашни услови. Едното бебе беше родено во цел водењак... Некако успеав набрзина да го овековечам моментот без да имам можност да го видам со сопствени очи. Гледајќи ги фотографиите вечерта, за првпат го видов она што сум успеала да го уловам. Почнав да плачам, бидејќи тоа беше толку убаво и толку ретко, се чувствував благословена што бев сведок, дури и само преку мојот објектив“ – раскажала Роџерс.

Лејлани Роџерс

„Неодамна успеав да фотографирам многу ретко случување – бебе кое се роди со 6 прсти! Дефинитивно изненадување. Но, специјално изненадување. На прстот немаше коска, но имаше нокт. Интригантно“ – рекла Лејлани.

Лејлани Роџерс

За фотографирањето на првиот царски рез Лејлани рекла: „Мислев дека ќе ме вознемири оперативната страна на раѓањето. Но, вистината е спротивна. За мене, моментите кога бебето излегуваше беа исто толку убави и фасцинантни како секое друго раѓање на кое сум присуствувала“.

Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс Лејлани Роџерс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11044 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.