Почетна » Новости » Занимливости » Хумани матуранти од Србија се откажаа од нова матурска облека

Хумани матуранти од Србија се откажаа од нова матурска облека

Додека владее матурската еуфорија и големи суми пари се трошат на скапи тоалети, костуми, шминки и фризури, српски матуранти одлучија да ја покажат својата хуманост и да ги донираат парите за хуманитарни цели.

Матуранти од средното економско училиште „Вук Караџиќ“ од Стара Пазова решиле да не купуваат нова свечена облека за матурската прослава, а парите предвидени за фустани и костуми да ги донираат за поддршка на акцијата „Битка за бебе“.

Хуманост

Хуманите средношколци сфатиле дека за свечената прилика би купиле облека која би ја носеле само еднаш во животот и дека парите би биле подобро искористени ако се наменети за најмладите – бебињата. „Кому ќе помогнеме ако не на оние пред кои е иднината“ – изјавил ученикот Стефан Дробач за српскиот Blic.

Идејата за хуманиот гест била на класната раководителка Вере Золњан, која како одличен педагог одржала скапоцена лекција за важноста на хуманоста како човечка карактеристика.

Сите ученици на матурската прослава ќе носат стара облека, а на рацете врзана цуцла, која е заштитен знак на акцијата.

Постапката на класот е одличен пример за несебичност, хуманост и за тоа кои треба да ни се врвните приоритети во животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.