Почетна » Новости » Занимливости » Хит текст на мајка на три деца испраќа моќна порака и за еден ден доби 1 милион лајкови и споделувања

Хит текст на мајка на три деца испраќа моќна порака и за еден ден доби 1 милион лајкови и споделувања

Критикувањето на мајките за нивните одлуки и постапки е екстремно честа појава. Карен Џонсон преку хит текст испраќа порака дека секоја мајка е добра мајка, независно дали дои или избира адаптирано млеко, дали се породила со епидурална анестезија или потполно природно, дали вика или никогаш не го повишува гласот, дали има беспрекорно чист дом или не...

За само еден ден, објавата на Карен на Facebook доби над еден милион лајкови и споделувања и привлече десетици илјади коментари од родители.

Карен Џонсон

Мојата куќа никогаш не е чиста. Никогаш. Имам пријатели (со деца) чии куќи се беспрекорни. Дали тие се подобри мајки од мене? Не. Дали јас сум подобра мајка од нив? Не.

Вежбам секој ден. Имам пријателки-мајки кои не вежбаат. (Освен тоа што трчаат како луди по нивните деца). Дали тоа прави некоја од нас подобра мајка? Не.

Имам пријателка која се породи во базен во дневната соба. Јас го истуркав моето во болнички кревет откако добив подарок од епидуралната самовила. И двете сме добри мајки.

Јас сум врескачка. Имам добра пријателка која е тивка и екстремно трпелива. Ѝ завидувам. Но, и двете сме добри мајки.

Имам пријателки кои живеат супер органски, без хемикалии, без бои. Моите деца понекогаш јадат овошни сладоледи за појадок. Од оние евтините. Дали некоја од нас е подобра од другата? Не.

Пцујам, но не пред моите деца. Дали си лоша мајка ако пцуеш пред децата? По ѓаволите, не.

Се интересирам за училиштето на моите деца, но не волонтирам и не живеам таму секој ден. Дали мајките кои волонтираат се подобри од оние кои никогаш не го прават тоа? Не. Дали им сум неверојатно благодарна на мајките кои волонтираат секој ден и им помагаат на учителите? ДА.

Дали невработените мајки се подобри од мајките кои работат? НЕ.

Дали вработените мајки се подобри од мајките-домаќинки? НЕ.

Дали мажените мајки се подобри од самохраните мајки? НЕ.

Дали си подобра мајка ако ги однесеш децата на егзотичен одмор? НЕ.

Можеш ли да биде добра мајка ако одењето во паркот е најблиското нешто до одмор кое им го даваш? ДА.

Можеш ли да биде добра мајка ако имаш испланирано лето со многу активности? Да.

А што ако твоето лето е мрзеливо без планови? Да.

Дали добрите мајки им дозволуваат на децата да гледаат ТВ? Да.

Да играат видео игри? Да.

А што ако им речеш НЕ? И тоа е во ред. Твој избор. Ти си мајката. И тоа добра мајка.

Јас сум христијанка. Мојата пријателка и сосетка е муслиманка. Друга пријателка не е религиозна. СИТЕ НИЕ СМЕ ДОБРИ МАЈКИ.

Мојата друга пријателка е хомосексуалка. Нејзините деца имаат ДВЕ мајки. И двете се добри мајки.

Јас доев. Моите деца речиси воопшто не консумираа адаптирано млеко. Дали јас сум подобра од мајките кои ги хранат децата со адаптирано млеко? НЕ.

Можеме ли за секунда да се симнеме од планината на осудувањето? И да се поддржуваме една со друга? И да речеме: Еј, мајчинството е тешко. Ти вршиш одлична работа. Растењето деца исцрпува. Одлично се справуваш.

Колку прекрасно би било тоа, а?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.