Почетна » Новости » Занимливости » Хит текст: Вака изгледа љубовта по 40-тата година

Хит текст: Вака изгледа љубовта по 40-тата година

Едно од најважните нешта во животот е да ја имаш вистинската личност покрај себе. Текст на блогерката Ејми Бетерс-Мицвет за нејзиниот грижлив сопруг, во кој таа покажува каква е љубовта по 25 години брачен живот, стана хит и полека се распространува на социјалните мрежи.

Мајката на пет деца со пораката се обидува да им пренесе на помладите генерации, особено на нејзините три ќерки, како да го изберат својот животен сопатник и да не се залажуваат со „совршените“ врски кои луѓето секојдневно ги прикажуваат на Instagram.

Тод

Слушајте вие помладите.

Вака изгледа вашиот витез-херој кога сте во 40-тите години од животот.

Да, тоа е мојот неверојатен сопруг кој пристигнува со неговата кредитна картичка, бидејќи тоа што не можете да го видите сум јас, како стојам покрај количка полна со намирници кои не можев да ги платам бидејќи не можев да си го најдам паричникот.

Можеби не можете да забележите, но тој е насмеан. Да... мораше да замине од работа, но сепак тој е насмеан. Тој ме опомена само со зборовите: „не требаше да пазаруваш, реков дека јас ќе одам оваа недела“.

Сериозно.

Млади луѓе, вака изгледа љубовта кога си стар и смешно е колку прекрасно е тоа.

Љубовта исто така е кога ќе слезам долу и ме чека шолја кафе секое утро, бидејќи кафето е љубов.

Љубовта е ручекот кој веќе се спрема, за јас да можам да уживам во погоре споменатата шолја кафе.

Љубовта е кога некој ги мие садовите додека неговата сопруга гледа серија легната на каучот и не помага воопшто.

Љубовта е супер-трпелив татко кој ја пишува домашната работа заедно со своето 5-годишно синче секое утро, за јас да можам да стигнам на работа навреме.

Љубовта е трчање до продавница пред легнување, откако жена ти заборавила да купи млеко, бидејќи утрото ќе се помине полесно ако имаме да појадуваме житарици.

И постоеја знаци дека тоа ќе биде така, па јас имам совети за вас.

На факултет, оваа љубов се познаваше кога Тод трчаше во продавница за лисната кифла по која копнеев, или ме гледаше со другарките на подиумот додека танцуваме долго време откако тој сакаше да си оди од барот, или тоа што тој беше познат во кампусот по тоа што носеше цветен ранец, кој се разбира беше мој.

Млади луѓе, слушајте.

Не се залажувајте со големи покани за апсолвентската вечер или огромни картички со слатки зборови и чоколатца залепени на нив.

Тоа не се нешта кои траат и да бидеме искрени... нивните мајки сигурно им помагаат во тие постапки.

Гледајте како тој се однесува со вас и кога Instagram не гледа.

Токму таму се сигналите.

Изберете го мажот кој ќе ви ја носи претешката цветна чантичка на јавни места, бидејќи тој исто така ќе биде мажот кој ќе ве спасува во маркетот кога ќе имате 40+ години со насмевка и прегратка.

Е тоа, мои пријатели, е вистинска љубов.

Ејми

Ејми и ТодЕјми и Тод Ејми и ТодТод со петте деца Тод

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.