Почетна » Новости » Занимливости » Хит статија: „Бракот не е за тебе“

Хит статија: „Бракот не е за тебе“

Многу од браковите денес завршуваат со развод и многумина трагаат по „тајната“ за среќен брак. Меѓу илјадниците совети кои можат да се пронајдат за среќен брачен живот, се истакна блог-постот на Сет Адам Смит со наслов кој дефинитивно привлекува внимание – „Бракот не е за тебе“.

Неговото размислување за бракот стана вирален хит и е споделено од стотици илјади лица низ целиот свет.

Сет Адам Смит и неговата сопруга КимСет Адам Смит и неговата сопруга Ким

Бракот не е за тебе

Во брак сум само година и пол и неодамна заклучив дека бракот не е за мене.

Пред да започнете да донесувате заклучоци, продолжете да читате.

Ја запознав својата сопруга во средно училиште, кога имавме 15 години. Бевме пријатели 10 години додека... додека нè одлучивме дека не сакаме повеќе да бидеме само пријатели.

Сепак, заљубувањето во мојата најдобра пријателка не ме заштити од одредени стравови и грижи за стапувањето во брак. Колку што се приближувавме со Ким до одлуката да се земеме, толку повеќе бев исполнет со парализирачки страв. Дали сум спремен? Дали го правам вистинскиот избор? Дали Ким е вистинската личност? Дали таа ќе ме направи среќен?

Потоа, една судбоносна ноќ, ги споделив овие мисли и грижи со татко ми.

Веројатно секој од нас имал моменти во животот кога се чувствувал како времето да забавува или воздухот да станува неподвижен, правејќи го тој момент незаборавлив.

Таков момент беше одговорот на татко ми на мојот неспокој. Со насмевка, ми рече: „Сет, ти си потполно себичен. Па затоа, ќе го кажам ова на едноставен начин: бракот не е за тебе. Не стапуваш во брак за да се усреќиш себеси, туку за да усреќиш некој друг. Впрочем, твојот брак не е за тебе, се жениш за семејство. Не само заради родителите на невестата и сите тие бесмислици, туку за твоите идни деца. Кој сакаш да ти помогне да ги пораснеш нив? Кој сакаш да им влијае ним? Бракот не е за тебе. Бракот не се врти околу тебе. Бракот е за личноста со која се жениш.“

Во тој момент знаев дека Ким е вистинската личност за мене. Сфатив дека сакам да ја направам среќна, да ја гледам нејзината насмевка секој ден, да ја насмевнувам секој ден. Сакав да станам дел од нејзиното семејство и моето семејство сакаше таа да биде дел од нашето. И кога ќе се навратам на сите моменти кога ја гледав како си игра со моите внуци, знаев дека таа е личноста со која сакам да создадам свое семејство.

Советот на мојот татко беше шокантен и неочекуван. Беше спротивен на денешната „Волмарт филозофија“, која вели: „Ако нешто не те усреќува, можеш да го вратиш и да си земеш ново“.

Не, вистинскиот брак (и вистинската љубов) никогаш не е за тебе. Таа е за личноста која ја сакаш – нејзините желби, нејзините потреби, нејзините надежи и соништа. Себичноста вели: „Што ќе добијам?“, додека Љубовта прашува: „Што можам да дадам?“

Неодамна, жена ми ми покажа што значи да сакаш несебично. Неколку месеци моето срце беше скаменето од микс од стравови и огорченост. Потоа, откако притисокот стана неподнослив за двајцата, емоциите еруптираа. Бев бесчувствителен. Бев себичен.

Но, наместо да ми возврати со себичност, Ким направи нешто неверојатно – ми покажа излив на љубов. Оставајќи ги настрана сета болка и страдање, таа со љубов ме зеде во рацете и ми ја разнежни душата.

Сфатив дека го имав заборавено советот од татко ми. Додека страната на Ким од бракот беше да ме сака, мојата страна од бракот беше целосно насочена кон мене. Кога го сфатив тоа ужасно нешто, дојдов до солзи и ѝ ветив на својата жена дека ќе се потрудам да бидам подобар.

До сите вие кои го читате ова – мажени, речиси мажени, сингл или заколнати ергени – сакам да знаете дека бракот не е за вас. Ниту една вистинска врска со љубов не е за вас. Љубовта е за личноста која ја сакате.

И парадоксално, колку повеќе вистински ја сакате таа личност, толку поголема љубов ќе добивате. И не само од избраната, туку и од нејзините пријатели и нејзиното семејство и илјадници други лица кои воопшто немаше да ги запознаете ако вашата љубов останеше егоцентрична.

Навистина, љубовта и бракот не се за тебе. Тие се за другите.

Сет Адам Смит

Сет Адам Смит и неговата сопруга Ким

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12025 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.