Почетна » Новости » Занимливости » Фотографиите на татко и ќерка во чест на починатата сопруга и мајка

Фотографиите на татко и ќерка во чест на починатата сопруга и мајка

Фотосесија на Бен Нанери и неговата ќерка Оливија ќе ве разнежни и растажи. Пред да се пресели во нов дом, Бен направил фотографии кои ги пресоздаваат свадбените фотографии со неговата покојна сопруга Али.

Бен и Оливија

Еден ден пред Бен и Али да стапат во брак во 2009 година, тие ги добиле клучевите од својата нова куќа во која направиле прекрасни свадбени фотографии. За жал, нивната среќа не траела долго и две години подоцна Али починала од рак. Бен останал сам со малата ќерка Оливија.

Пред еден месец Бен одлучил дека со Оливија се подготвени да се иселат од домот кој го делеле со Али. Но, пред да заминат, сакал да има уште еден потсетник на убавите моменти кои ги доживеал во таа куќа. Затоа ја замолил Мелани Пејс, сестрата на Али која ги направила свадбените фотографии, да направи нови фотографии од него и Оливија.

Бен и Оливија Бен и Оливија

„Многу луѓе ме прашуваат сега како се чувствував за време на таа фотосесија. Сакам само да знаат дека ова не е приказна за тага и загуба и болка. Да, минував низ тие емоции и сè уште минувам, но не сакам луѓето да го гледаат тоа во фотографиите. Ова е приказна за љубов“ – објаснил Бен и дополнил дека засега Оливија е премногу мала за да сфати колку се значајни тие фотографии.

Бен и Оливија Бен и Оливија Бен и Оливија Бен и ОливијаБен научил да ја свири на укулеле песната „I Believe (When I Fall In Love With You It Will Be Forever)“ на која со Али затанцувале за првпат на свадбениот ден Бен и Оливија

„Го направив ова за мене, го направив за нас. Го направив за да имам со што да ја покажам љубовта и убавината кои ја окупираа таа куќа во текот на краток период од нашите животи. Сакав да имам можност да ѝ го покажам на Оливија местото на кое јас и нејзината мајка го започнавме заедничкиот живот и каде што сонувавме за растење на деца. Мислев дека ќе ми биде многу потешко да се збогувам на овој начин, но додека седев пред куќата за последен пат, сфатив дека тоа е само куќа. Спомените за Али не живеат во таа куќа. Тие живеат во нас, во нашите срца“ – објаснил Бен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11861 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.