Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Транссексуалец се натпреварува на Мис Универзум Канада

ФОТО: Транссексуалец се натпреварува на Мис Универзум Канада

За првпат во историјата на натпреварот за убавина „Мис Универзум“, за освојување на титулата се бори жена која била родена како маж. Транссексуалецот Џена Талакова вчера зачекори на сцената во Торонто во костим за капење и вечерна тоалета со цел да го воодушеви жирито на „Мис Универзум Канада“.

Џена Талакова Џена Талакова

23-годишната русокоса од Ванкувер прво беше дисквалификувана, затоа што не е родена како жена. Но, исфрлувањето од натпреварот привлече големо внимание од јавноста и многумина го осудија ваквиот потег на организаторите како дискриминација. Повеќе од 20.000 лица потпишаа петиција Џена да се врати во натпреварот и набрзо организацијата на Доналд Трамп, која стои зад настанот, го промени своето мислење и дозволи враќање на Џена меѓу 62-те потенцијални добитнички на посакуваната титула.

Џена Талакова Џена Талакова Џена Талакова

Талакова е родена како маж, но на 19-годишна возраст си направила операција за промена на полот.

Членовите на жирито велат дека не чувствуваат притисок за да ја влезат во историјата со прогласувањето на Џена за победничка. „Нема да се чувствуваме принудени да ја прогласиме за победничка само за да влеземе во историјата. Ќе решиме дека Џена е достоен победник само ако Џена ни покаже дека вреди да ја носи круната. Таа е прекрасна, но мора да биде повеќе од прекрасна за да биде наш победник“ – изјавил еден од членовите на жирито.

Џена Талакова Џена Талакова Џена Талакова

Победничката на Мис Универзум Канада ќе биде прогласена в сабота на гламурозна манифестација.

Џена ТалаковаЏена со својот пасош во кој пишува дека таа е жена

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.