Бени Харлем и малата Џаксин станаа интернет хит со своите волуменозни фризури. Дуото татко-ќерка привлекува сè повеќе обожаватели со интересните фотографии на Instagram на кои најзабележливи се нивните виткани коси.



„Го ставам моето дете на пиедестал... Единствено се грижам ќерка ми да биде великодушна. Ја учам да бара почит“ – вели Бени.


Кога станува збор за негата на косата, популарниот татко кој работи и како модел вели: „Гледам на нашата коса како на растение. На повеќето растенија им се потребни природни состојки за да растат и да останат живи и искрено, нашите души и тела имаат потреба од истото.“



